Непријатен потрес ја погоди ма..." />
March 24, 2025 | | Македонија
Непријатен потрес ја погоди македонската фудбалска јавност, откако се дозна дека поранешниот репрезентативец и актуелен директор на А-тимот, Данчо Масев, веќе една недела се наоѓа во притвор, пренесува Слободен Печат.
Според информации добиени од затворот во Шутка, Масев е поврзан со групата на Раде Трајковски – Штекли, личност со богато криминално досие, која во минатото била дел од афери поврзани со трговија со дрога и местење на натпревари.
Оваа вест доаѓа само два месеци по неговото повторно назначување за директор на македонската фудбалска репрезентација, позиција која ја извршуваше и во периодот од 2018 до 2023 година.
Засега, од обвинителството нема официјални детали за причините поради кои Масев се најде зад решетки, но фудбалската заедница со внимание ги следи случувањата, кои би можеле да имаат пошироки импликации врз националниот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |