Навивачите на Велс присуствуваа на протестот во Скопје! (ФОТО)

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Навивачите на Велс присуствуваа на протестот во Скопје! (ФОТО)

Македонија утревечер, со почеток во 20:45 часот, ќе го одигра клучниот квалификациски дуел против Велс во рамките на борбата за Светското првенство. Иако натпреварот ќе се одигра на домашен терен, репрезентацијата на Велс нема да биде без поддршка во Скопје.

Островските фанови веќе пристигнаа во македонската престолнина и денеска можеа да се забележат низ кафулињата, плоштадите и улиците на главниот град. Но, нивното присуство беше особено забележливо на протестниот марш кој започна симболично во 18:59 часот.

Протестот, организиран под слоганот „Системот е следен“, претставуваше повик за одговорност по трагичната несреќа во Кочани, во која згаснаа 59 млади животи. Навивачите на Велс, препознавајќи ја тежината на моментот, се придружија на толпата, покажувајќи солидарност со македонскиот народ. Камерите ги уловија во поворката, со што ја демонстрираа универзалната сила на спортот – да ги обединува луѓето, дури и во моменти на најголема тага.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.