Голем хуман гест: Сопственикот на Гостивар донираше милион денари за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Голем хуман гест: Сопственикот на Гостивар донираше милион денари за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

Во духот на солидарноста и поддршката, ФК Гостивар и Слога Виница денеска одиграа пријателски натпревар, чија цел беше да се соберат средства за семејствата погодени од трагичниот настан во Кочани. Мечот започна со минута молчење, симболичен чин на почит кон жртвите, додека трибините беа исполнети со емотивни пораки на поддршка. Целиот приход од продажбата на влезниците, како и донациите од гледачите, ќе бидат насочени кон оние кои загубија најмногу во оваа трагедија. Голем гест на хуманост направи и сопственикот на ФК Гостивар, кој пред почетокот на натпреварот донираше милион денари за помош на семејствата на жртвите. Најемотивниот момент настапи во 59. минута, кога судијата го прекина натпреварот во знак на почит кон 59-те млади животи кои згаснаа во дискотеката „Пулс“. Овој чин ја потврди моќта на спортот да обединува и да служи како симбол на надеж во најтешките моменти. г

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.