Детонит Плачковица пак ќе ја атакува Првата лига: Потврдено и второто засилување

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Детонит Плачковица пак ќе ја атакува Првата лига: Потврдено и второто засилување

Клубот од Радовиш го потврди и своето второ засилување по ангажирањето на Кирил Неделков, 23 годишен офанзивен играч за врска. Станува збор за Христијан Поп Антоски, 20 годишен фудбалер од редовите на Победа Прилеп. Тој ги покрива позициите по левата страна, поточно и бек и крило. Антоски минатата сезона беше во тимот на сезоната на Втората фудбалска лига. За Победа Прилеп во сезоната 2023/24 настапи на 24 натпревари каде запиша една асистенција. Тој има настапувано за Македонија Ѓорче Петров и Победа која му е матичен клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.