March 25, 2025 | | Свет
Со доаѓањето на Игор Тудор на кормилото на Јувентус по разделбата со Тиаго Мота, „Старата дама“ добива нов лидер кој ќе се обиде да ја стабилизира екипата во последните девет натпревари од Серија А. Италијанските медиуми истакнуваат дека пред хрватскиот стратег стојат пет главни задачи. 1. Обнова на тимскиот дух Јувентус мора да ја врати хармонијата во соблекувалната, која значително се наруши при крајот на ерата на Мота. Извештаите велат дека тренинзите под негово водство биле исполнети со несигурност и нестабилност, што се рефлектираше и на теренот. Тудор треба да ја врати хемијата меѓу играчите и да создаде победнички менталитет. 2. Воспоставување јасна структура и улоги Една од главните слабости на Јувентус оваа сезона беше недостатокот на конзистентност во тактичките поставувања и ротациите. Честите промени во составот и неодлучноста околу капитенската лента ја нарушија хиерархијата во тимот. Тудор мора да воведе ред и стабилност, што ќе ја зацврсти основата на тимот. 3. Враќање на клучните фигури во преден план Играчите како Федерико Гати, Кефрен Турам и Кенан Јилдиз имаат потенцијал да бидат носители на тимот, но досега не добиваа доволно простор. Тудор ќе мора да најде начин како да го извлече максимумот од нив и да ги интегрира во првите 11 за да ја засили борбеноста и динамиката на тимот. 4. Преродба на Душан Влаховиќ Најголемиот бенефит од промената на тренерот може да го има Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач беше во сенка по доаѓањето на Рандал Коло Муани, а неговото присуство на клупата стана економски и спортски нелогично со оглед на тоа што е еден од најплатените играчи во лигата. Доколку Јувентус размислува да го продаде, потребно е да му овозможи шанса да ја зголеми својата пазарна вредност, а ако планира да го задржи, тогаш мора да се врати во форма што побрзо. 5. Осигурување на место во Лигата на шампиони Главната мисија на Тудор е да го врати Јувентус во елитното европско натпреварување. „Бјанконерите“ моментално се на бод зад Болоња, која е на четвртата позиција, а конкуренцијата е жестока – Лацио, Рома, Фиорентина и Милан се во игра за истото место. Со само неколку кола до крајот, секој меч ќе биде од клучно значење, а Тудор ќе мора да најде формула која ќе го одведе Јувентус назад во Лигата на шампиони. Времето не е на негова страна, но целите се јасни – враќање на стабилноста, борба за највисоките позиции и враќање на Јувентус онаму каде што припаѓа – во врвот на европскиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |