Миовски вечерва ќе настапи во посебни копачки во чест на настраданите во Кочани (ФОТО)

March 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Миовски вечерва ќе настапи во посебни копачки во чест на настраданите во Кочани (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се соочи со сериозен предизвик против Велс во квалификациите за Светското првенство, а напаѓачот Бојан Миовски ќе излезе на терен во специјално дизајнирани копачки, инспирирани од неговата татковина. Миовски на социјалните мрежи ги сподели своите нови копачки, кои не се обични – на нив гордо блеска македонското знаме, заедно со иницијалите на неговото семејство. Со овој гест, голгетерот не само што покажува национален гордост, туку и ја носи поддршката од најблиските на секој чекор во пресрет на важниот натпревар. Со симболиката што ја носи на нозете, Миовски вечерва ќе има дополнителен мотив да го даде максимумот и да ја израдува Македонија со голгетерски настап. „Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто - моето национално знаме и иницијалите на моето семејство..  На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, напиша тој.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.