March 25, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе го одигра клучниот меч против Велс на арената „Тодор Проески“, но додека нашите момци се подготвуваат за овој предизвик, аналитичарите веќе калкулираат – и прогнозите се оптимистички! Според реномираната аналитичка платформа „football.meets.data“, Македонија е меѓу фаворитите за пласман во баражот за Мундијалот 2026. Шансите за овој успех се проценети на високи 86%, што ни дава реална надеж дека можеме да се избориме за место во плејофот. Сепак, постојат и репрезентации со уште подобри изгледи – Северна Ирска и Романија моментално имаат поголеми шанси според истата анализа. Но, фудбалот не е само статистика, туку и борба на теренот! Вечерва Македонија има можност да ги зголеми своите изгледи и да направи уште еден чекор поблиску до својот сон – настап на Светското првенство!
Ако успееме да стигнеме до баражот, тогаш Македонија ќе се соочи со големи предизвици, бидејќи во полуфиналето од плејофот ќе се сретнеме со тим од четвртиот шешир. Селекции како Романија, Шведска и Северна Ирска ќе бидат меѓу нашите можни противници. Но, тоа не е се! За финалето на патот кон Светското првенство, ќе мора да се соочиме со некој од силните селекции од првиот шешир, каде што се наоѓаат тимови како Украина, Турција, Србија и Велс. Македонија ќе има шанса да докаже дека е подготвена да се соочи со најдобрите и да го продолжи својот пат кон Мундијалот!View this post on Instagram
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |