March 26, 2025 | | Свет
Аргентина стана четвртата репрезентација што обезбеди место на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Актуелниот светски шампион си го осигура билетот многу пред завршницата на јужноамериканските квалификации, следејќи ги чекорите на Нов Зеланд, Јапонија и Иран. Светскиот шампион ноќеска го совлада Бразил со 4-1. Натпреварот започна фуриозно за „гаучосите“. Веќе во четвртата минута, Хулијан Алварез ја погоди мрежата, отворајќи ја голеадата. Десет минути подоцна, Енцо Фернандез реализираше одлична акција и зголеми на 2-0. Бразилците добија момент на надеж по грешката на Кристијан Ромеро, но тоа траеше кратко. Во 37. минута, Алексис МекАлистер повторно ја врати двојната предност за Аргентина. Во второто полувреме, „албиселесте“ доминираше и создаде бројни шанси. Единствениот гол во овој период го постигна Џулијано Симеоне, кој од тежок агол ја затресе мрежата за конечни 4-1. Натпреварот беше груб, а судијата Рохас покажа дури девет жолти картони. Иако беше познато дека Аргентина нема да испадне од трката за првите седум позиции, тоа не ги спречи избраниците на Лионел Скалони да одиграат убедливо и да го декласираат Бразил на „Монументал“ во Буенос Аирес. Со оваа победа, тие побегнаа на осум бодови предност на врвот, четири кола пред крајот. Важно е да се напомене дека Аргентина триумфираше и покрај отсуството на Лионел Меси, Лаутаро Мартинез и Пауло Дибала.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |