Анчелоти ги започнал преговорите со Бразил, го сакаат за СП 2026

March 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти ги започнал преговорите со Бразил, го сакаат за СП 2026

Карло Анчелоти повторно ги започна преговорите со Бразил кој сака тренерот на Реал Мадрид да ги води на Светското првенство наредната година, пишува Марио Кортегана од Атлетик. Ноќеска Бразил претрпе тежок пораз од својот најголем ривал Аргентина со 4-1, па столчето на Доривал Жуниор и тоа како се тресе. Од Реал Мадрид велат дека не се запознаени за никаков контакт помеѓу Анчелоти и Бразил. Претседателот на бразилската федерација Едналдо Родригес во два наврати во минатото му има пристапено на Анчелоти, еднаш во 2022, еднаш во 2023 година, но тогаш Реал успеа да го убеди да остане со договор до 2026 година. Во случај Анчелоти да замине, прва цел за Реал Мадрид ќе биде Чаби Алонсо со кого веќе се преговарало сезонава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.