March 27, 2025 | | Свет
Поранешниот италијански фудбалер Џовани Галеоне не штедеше зборови кога во интервју за „Кориере дело спорт“ го искритикува српскиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ. Галеоне, кој важи за голем познавач на играта, смета дека платата што Влаховиќ ја заработува во Јувентус е далеку од заслужена и со неверување коментира како клубот може да троши огромни суми за играч кој, според него, „не знае ниту правилно да ја прими топката“. „Фудбалот денес нема ни приближно толку страст како во минатото. Јас сум долгогодишен навивач на Јувентус, но навистина не разбирам како клубот му исплаќа милион евра месечно на Влаховиќ. Да, знае да постигне гол, но кога ќе го видам како игра, некои негови потези повеќе ми личат на аматеризам отколку на врвен професионализам. Дали доаѓањето на Тудор нешто ќе смени? Искрено, не верувам во некаква драстична трансформација“, изјави Галеоне. И покрај честите критики и променливиот статус во стартната постава, Влаховиќ сепак се запиша во листата на стрелците со 14 погодоци и две асистенции оваа сезона, што покажува дека неговата вредност на теренот можеби не е толку потценета како што мисли Галеоне.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |