March 27, 2025 | | Свет
Дарен Флечер, славниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и поранешен капитен на Шкотска, во 2007 година доби близнаци кои денес чекорат по неговиот пат. Тајлер и Џек Флечер се дел од академијата на Манчестер Јунајтед, каде што настапуваат за тимот до 18 години, но сега се во фокусот на јавноста поради интересна репрезентативна одлука. Имено, иако се неразделни браќа и соиграчи, тие решија да бранат различни национални бои – Џек избра да игра за Англија, додека Тајлер се определи за Шкотска, земјата каде што нивниот татко ги испиша најголемите репрезентативни успеси. Она што дополнително ја прави нивната приказна уникатна е фактот што двајцата се капитени на своите национални младински селекции. Судбината дури ги донесе во ситуација да се соочат еден против друг на теренот, а нивниот дуел беше вистински спектакл за љубителите на фудбалот. Сепак, како што сè уште настапуваат во младинските категории, тие имаат можност во иднина да се премислат и можеби повторно да ги обединат своите патишта, овој пат во истата репрезентација на сениорско ниво. Но, без разлика на нивниот избор, едно е сигурно – фудбалската крв на семејството Флечер продолжува да тече во вистинскиот правец.
Sons of Man Utd legend Darren Fletcher, Jack and Tyler are smashing it right now. 👏 The twins both captained their respective national teams of their age group in this international break ❤️ pic.twitter.com/c9mo7E6Zrc
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 27, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |