УЕФА отвори истрага: Ќе го прегледува провокаторското славје на играчите на Реал (ВИДЕО)

March 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА отвори истрага: Ќе го прегледува провокаторското славје на играчите на Реал (ВИДЕО)

Европската фудбалска сцена е повторно во центарот на вниманието, откако УЕФА најави официјална истрага против гигантот Реал Мадрид. Причината? Драматичниот епилог на реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, каде што емоциите избувнаа на највисоко ниво. Натпреварот беше обоен со контроверзии, но вистинската експлозија се случи во финишот, кога „кралевите“ одлучија својата победничка еуфорија да ја изразат токму пред навивачите на Атлетико, на „Ванда Метрополитано“. Овој потег дополнително ги разгоре страстите, а европската фудбалска куќа брзо реагираше. „Дисциплинските инспектори на УЕФА започнаа истрага за инцидентите поврзани со Антонио Рудигер, Килијан Мбапе, Дани Себаљос и Винисиус Жуниор од мечот на 12 март“, соопшти УЕФА. Според шпанската „Марка“, Рудигер бил во фокусот поради провокативни гестови, додека неговите соиграчи исто така се најдоа под лупата на дисциплинските органи поради несоодветно однесување. Останува да се види каква ќе биде конечната пресуда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.