Барселона рутински ја совлада Осасуна и сега има три бода повеќе од Реал (ВИДЕО)

March 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона рутински ја совлада Осасуна и сега има три бода повеќе од Реал (ВИДЕО)

Барселона и денеска беше убедлива и успеа да ја совлада Осасуна со резултат од 3-0 во заостанатиот натпревар меѓу овие два тима. Каталонците го отворија резултатот уште во 11. минута и тоа преку Феран Торес на асистенција на Алехандро Балде по една одлична тимска акција. Само десет минути подоцна Олмо погоди од белата точка. Првиот обид му беше неуспешен, но истиот беше повторен бидејќи играч на Осасуна порано влезе во шеснаесетникот пред пеналот да биде изведен. Во вториот дел Барселона го намали темпото, но и покрај тоа успеа да постигне гол, а стрелец беше Роберт Левандовски кој постигна одличен гол со глава. Со оваа победа, Барселона сега има три бода повеќе од Реал Мадрид и седум повеќе од Атлетико Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.