Осасуна се понадева дека службено ќе го добие мечот со Барселона, но нема ништо од тоа

March 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Осасуна се понадева дека службено ќе го добие мечот со Барселона, но нема ништо од тоа

Барселона вчера ја совлада Осасуна со резултат 3-0 во заостанатиот дуел помеѓу овие два тима. Стрелци за Каталонците беа Феран Торес, Дани Олмо и Роберт Левандовски. Со оваа победа, Барселона има три бода повеќе од Реал и седум повеќе од Атлетико. По натпреварот, во Шпанија произлезе една ситуација. Имено, Осасуна по натпреварот била запознаена со правилото на ФИФА спрема кое ако играч кој за време за репрезентативната пауза е повлечен од селекцијата, не смее да игра за својот клуб во период од пет дена по паузата. Според Релево, Осасуна нема право на тужба. Првенствено, стоперот беше повлечен на барање на Шпанската фудбалска федерација, а не на Барселона. Тие издадоа соопштение дека Иниго поради повреда се враќа во Барселона, поради што Осасуна не е во можност да ја тужи Барселона за непочитување на правилата бидејќи клубот го испрати играчот да заигра за својата селекција каде од нивна страна било направено се како што треба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.