Реал одреди изгор цени за дуелот со Арсенал во ЛШ

March 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал одреди изгор цени за дуелот со Арсенал во ЛШ

Возбудата околу четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите веќе се загрева, а Реал Мадрид ги одрени цените за дуелот со Арсенал. За возвратниот дуел, „кралскиот клуб“ ги објави најскапите билети во историјата на натпреварувањето. Цените се движат од 125 евра за места на највисоките трибини, па сè до неверојатни 450 евра за ексклузивните позиции покрај теренот. Ова значително ги надминува сумите од претходните рунди против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, кога билетите чинеа од 115 до 325 евра. На „Сантијаго Бернабеу“ се очекуваат и околу 4.000 навивачи на Арсенал, за кои, благодарение на регулативите на УЕФА, билетите се значително подостапни – по цена од 60 евра. Големото четвртфинале е закажано за 9 и 16 април, прво во Лондон, потоа во Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.