Шпанија ја совлада Италија и се пласира во осминафинале, голот падна од автогол (ВИДЕО)

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанија ја совлада Италија и се пласира во осминафинале, голот падна од автогол (ВИДЕО)

Шпанија го порази бранителот на титулата Италија, а голот падна по автоголот на Калафиори во 55. минута. Шпанците имаа дури 20 шутеви а Италија само четири. Шпанија доминираше цел натпревар, а реално требаше да дадат и повеќе од еден гол. Тие и официјално се пласираа во осминафиналето, а Италија во последниот натпревар ќе треба да ја победи Хрватска за и тие да обезбедат пласман во нокаут фазата. Шпанија пак, ќе се сретне со Албанија која има еден нерешен резултат и еден пораз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.