Навивачите му побараа на Лапорта две засилувања, тој им одговори: „Го имаме Јамал“ (ВИДЕО)

March 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите му побараа на Лапорта две засилувања, тој им одговори: „Го имаме Јамал“ (ВИДЕО)

Барселона без многу мака ја совлада Жирона со 4-1 на „Монжуик“ во 29. коло од Ла Лига, а интересен момент се случи надвор од теренот, каде што фановите имаа барање до претседателот Жоан Лапорта. Каталонците ја продолжија победничката низа и ја зачуваа првата позиција на табелата, оставајќи го Реал Мадрид три бода зад себе. По натпреварот, група навивачи го опколија возилото на Лапорта со едно кристално јасно барање – Меси и Халанд во Барселона! „Доведете ни ги Лео Меси и Ерлинг Халанд!“ – скандираа фановите, очекувајќи некаков одговор од првиот човек на клубот. Лапорта, со насмевка и самоувереност, им испрати кратка, но силна порака. „Го имаме Ламин Јамал.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.