March 31, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Шкендија се огласи во врска со контроверзниот инцидент на мечот против Брера, кога дел од нивните навивачи, наместо да оддадат почит со минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани, запеаја песни за УЧК, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста. Претходно, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека клубот е предаден на дисциплинската комисија и дека следува жестока казна за тетовскиот тим поради непримерното однесување на дел од навивачите. Во своето официјално соопштение, Шкендија се дистанцираше од инцидентот, нагласувајќи дека останатите членови на клубот и присутните на стадионот ја почитувале минутата молк. Од клубот додаваат дека не се согласуваат со таквото однесување и ги осудуваат сите постапки кои не се во духот на спортот и почитта кон трагично настраданите. Соопштението на Шкендија во целост: „Шкендија со целосна одговорност ги следи и ги почитува сите институционални одлуки поврзани со чувствителни моменти за општеството. Ние како клуб длабоко ја доживеавме трагедијата која се случи во Кочани, настан кој го потресе целиот народ емотивно се одрази и во нашето секојдневие. Оваа голема таге беше присутна на секој наш тренинг во изминатите денови и се рефлектираше и на мечот против Брера каде што и покрај победата од 2-1 и зачувувањето на првото место на табелата, тимот не прослави на вообичаен начин. Шкендија ја испочитува минутата молк која беше определена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, за време на овој момент, група на поединци од трибините не ја почитуваа тишината, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката група во целост. „Балистите“ кои вообичаено се позиционирани на трибината „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На мечот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот број од присутните навивачи. „Балистите“ се нашиот 12. играч и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но ова неодговорно однесување од мала група на поединци не го претставува ставот на навивачката група која во овој момент е во процес на реорганицација, ниту на останатите членови кои во тој момент реагираа со свирежи како знак на незадоволство кон тие што пееја. Шкендија изразува жалење за оваа ситуација и повторно го истакнува својот цврст став на почит кон загубените животи и болката низ која поминува целото општество“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |