April 2, 2025 | | Свет
Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа спектакуларен реванш во полуфиналето на Купот на Шпанија, во кој по продолженијата резултатот гласеше неверојатни 4-4. „Кралевите“ се изборија за финале. Иако гостите беа на чекор до големото изненадување, водејќи со 1-3, домаќините одбија да паднат без борба. Се започна во 16. минута, кога Беренече ја шокираше одбраната на Реал и го совлада Лунин. Одговорот стигна во 30. минута, кога Винисиус маестрално го пронајде Ендрик, кој рутински реализираше за 1-1. Во вториот дел, Сосиедад повторно го презеде водството со несреќен автогол на Алаба во 72. минута, а само осум минути подоцна Ојарзабал ги зголеми стравовите на „Бернабеу“, погодувајќи за 1-3. Но, Реал Мадрид повторно не се откажа. За само две минути, Белингем намали на 2-3, а потоа Чуамени во 86. минута искористи грешка на голманот Ремиро и донесе израмнување. Сепак, драмата не заврши тука – во судиското надополнување Ојарзабал повторно ја казни одбраната на Реал и со нова грешка на Лунин донесе 3-4. Продолженијата беа неизвесни, а кулминацијата дојде во 115. минута, кога Гулер мајсторски нафрли од корнер, а Рудигер со прецизен удар со глава го израмни резултатот на 4-4 и го однесе Реал во финалето. Сега „кралевите“ го чекаат подобриот од дуелот Атлетико – Барселона, каде што првиот меч заврши со исто толку неверојатни 4-4. Фудбалската магија во Купот на Шпанија продолжува!
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |