June 21, 2024 | | Свет
По победата над Италија, селекторот Де Ла Фуенте рече дека неговата селекција најдобра на турнирот, но дека мора да продолжат со истото темпо и да останат фокусирани. „Ова беше тежок натпревар, иако доминиравме во сите фази од играта. Создадовме многу шанси, но не остваривме голема победа. Мора да продолжиме со работа. Нè чекаат уште многу предизвици, а ако зборуваме реално, тогаш мислам дека не постои подобра репрезентација од нас“, рече шпанскиот селектор. Тој додаде дека биле подобри од Италија во секој аспект и дека ова бил нивниот најдобар натпревар досега. „Игравме против Италија и во Лигата на нациите, но сега нашата игра беше потполна. Ќе продолжиме да го промовираме шпанскиот фудбал, затоа што мислам дека е најдобар во светот. Сакам да ја истакнам класата на генерацијата која ја имам на располагање, особено во овој состав. Шпанските фудбалери се најдобрите во светот. Го познавам овој тим до најмалите детали – јас ги познавам нив, а тие мене. Среќен сум, но сѐ уште не сме постигнале ништо. Нѐ очекуваат важни натпревари, а фудбалот може да биде многу суров и треба да бидеме многу внимателни, смирени и да пристапуваме со почит кон секој противник“, додаде Ла Фуенте.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |