April 2, 2025 | | Македонија
На 27 април, со почеток во 16 часот, ветераните на Македонија и Бугарија ќе се судрат на теренот, но овојпат со заедничка цел, да помогнат на настраданите во пожарот во Кочани. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Спартак“ во Варна, а секоја собрана сума ќе биде насочена кон лекувањето на повредените. Организатор на овој хуманитарен спектакл е фондацијата „Националс 94“, во соработка со општина Варна. Настанот добива дополнителна тежина со учеството на фудбалски легенди. За Бугарија ќе настапи незаменливиот Христо Стоичков, додека македонската страна ќе ја предводи човекот кој ги напиша златните страници на нашата фудбалска историја, Горан Пандев.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |