Феран Торес е херојот на Барселона: Ја однесе до „Ел Класико“ финале! (ВИДЕО)

April 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Феран Торес е херојот на Барселона: Ја однесе до „Ел Класико“ финале! (ВИДЕО)

Барселона се избори за „Ел Класико“ финале во Купот на Кралот, првпат после 2014 година. Во тактички шаховска битка го совлада Атлетико Мадрид со минимални 0-1 на „Ванда Метрополитано“. Овој пат, спротивно на очекувањата, дербито не донесе спектакл како претходните три пресметки сезонава, во кои беа постигнати дури 17 гола. Атлетико, кој сонуваше за славна сезона, остана без одговор на играта на Барса и не упати ниту еден директен удар кон противничката мрежа. Во само еден месец, амбициите за титула во Ла Лига избледеа, а тимот на Диего Симеоне претходно беше елиминиран и од Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал Мадрид. Од друга страна, Барселона чекори кон тројна круна. Тимот е на врвот во Ла Лига, во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а сега и во финалето на Купот на Кралот, каде што ќе се соочи со Реал Мадрид, кој во полуфиналето го елиминираше Реал Сосиедад. Клучниот момент во Мадрид се случи во 27. минута кога Феран Торес го најде патот до мрежата. Атлетико во второто полувреме се обиде да се врати, но Серлот не искористи златна шанса, а неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Големото финале, кое ветува уште еден незаборавен дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид, ќе се одигра на 26 април во Севиља.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.