April 5, 2025 | | Македонија
Актуелниот шампион Струга Трим Лум продолжува одигра одличен натпревар совладувајќи го Пелистер со убедливи 4-1 во воведниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. На стадионот крај Охридското Езеро, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски целосно ја оправдаа фаворитската улога и доминираа во текот на целиот меч. Домаќините поведоа во 22. минута преку Ланре Кехинде кој беше прецизен од пенал, но гостите од Битола одговорија брзо – Александар Ристевски израмни, исто така од белата точка, во 30. минута. Сепак, клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на Филип Бошковски во самиот финиш од првото полувреме, по што Пелистер остана со играч помалку. Струга ТЛ веднаш по паузата го казни бројчениот дефицит на противникот – Никола Влајковиќ постигна гол за ново водство, а потоа Буњамин Шабани ја зголеми предноста во 75. минута. Точката на натпреварот ја стави Кехинде со својот втор гол, во судиското надополнување. Со оваа победа, Струга ја зацврсти својата позиција во врвот на табелата, додека Пелистер останува во опасната зона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |