April 6, 2025 | | Свет
Крајот на натпреварот меѓу Барселона и Бетис предизвика вистинска бура во редовите на каталонскиот гигант, каде центар на драмата беше темпераментниот Бразилец Рафиња. Во моменти кога Барса се обидуваше да дојде до последната шанса, судијата Хил Манцано одлучи да стави крај на мечот без да дозволи изведување на последниот корнер, иако на часовникот останаа уште неколку драгоцени секунди. Таа одлука беше искра што го запали фитиљот на незадоволството кај Рафиња, кој експлодира од фрустрација. Неговата реакција беше бурна каде со гневни зборови се упати кон судиите, а ситуацијата замириса на црвен картон. За среќа, брзата и решителна интервенција на тренерот Ханси Флик спречи поголем инцидент. Германецот буквално го извлече својот фудбалер од центарот на тензијата, но ни тоа не ја смири ситуацијата. Бразилецот, уште запален од адреналинот, не ја задржа фрустрацијата ни за својот тренер, му возврати со остри зборови, а потоа се скара и со Тер Штеген, кој се обиде да го вразуми. Но наместо благодарност, голманот доби одбивен гест од својот соиграч. По мечот, Флик се обиде да ги изглади работите, со реченица полна со дипломатска тежина. „Рафиња не беше лут на судијата, туку на мене.“
God only knows what this linesman was telling Raphinha… Flick & Ter Stegen were just calming him down!!pic.twitter.com/scSPXcEpXA
— ᴘɢ² (@angrygavi) April 5, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |