Нико Вилијамс барал премногу, па Арсенал ги стопирал преговорите!

April 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико Вилијамс барал премногу, па Арсенал ги стопирал преговорите!

Нико Вилијамс, крилото кое на само 22 години веќе го привлекува вниманието на европските гиганти, ова лето би можел конечно да го напушти Атлетик Билбао. Но, едно од најголемите имиња во трката, Арсенал, изненадувачки се повлече од битката. Иако „топчиите“ долго време го следеа младиот бисер, желбата на Вилијамс да се етаблира како најплатен играч во нивниот состав била пресудна. Лондонскиот клуб одлучи дека нема да ја руши својата финансиска структура, колку и да им се допаѓа неговиот талент. Стабилноста и хемијата во соблекувалната за Микел Артета се подеднакво важни, па затоа Арсенал не планира да го анажира по секоја цена. Но, и тоа да се случи, Вилијамс нема да остане без опции. Минатото лето Барселона сериозно го меркаше, а сега, со неговото име на врвот на неколку европски листи на желби, пролетта ветува возбудлив трансфер пазар. Младиот Шпанец не само што поседува експлозивна брзина и префинет дриблинг, туку има и самодоверба достојна за ѕвезда од прв ред. Прашањето повеќе не е дали ќе замине од Билбао, туку каде ќе го продолжи своето патување и кој клуб е подготвен да плати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.