April 6, 2025 | | Македонија
Тиквеш го одигра првиот натпревар на домашен терен по трагичната несреќа што се случи ноќта меѓу 15 и 16 март во Кочани, во која животот го загуби нивниот поранешен фудбалер, Андреј Лазаров. Атмосферата на „Градскиот стадион“ во Кавадарци беше исполнета со емоции и тага, но и со голема почит кон младиот играч. Противникот на Тиквеш беше екипата на Шкендија, а пред почетокот на мечот, фудбалерите, стручниот штаб и навивачите оддадоа последна почит на Лазаров. Играчите на Тиквеш носеа симболичен дрес со број 16 и црна лента, бројот кој клубот веќе официјално го повлече од употреба во чест на Андреј. Во текот на натпреварот, во 16. минута играта беше привремено прекината, а трибините заедно со играчите го поздравија Андреј со громогласен аплауз, создавајќи емотивен момент што долго ќе се памети во Кавадарци.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |