Ова е распоредот на Барса и Реал до крајот на сезоната во Ла Лига (ФОТО)

April 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова е распоредот на Барса и Реал до крајот на сезоната во Ла Лига (ФОТО)

Во финишот на сезоната, Каталонците се најдоа во поволна позиција, имаат предност од четири бода пред Реал Мадрид, но трката сè уште не е завршена. Барселона завчера не ја искористи до крај можноста да се одлепи на табелата, одигра само 1-1 против Бетис. Сепак, Реал направи голем кикс и загуби на свој терен од Валенсија, што му овозможи на Барса барем минимално да го зголеми водството. До крајот има уште осум натпревари, а во тој распоред е вклучен и директен дуел меѓу овие два гиганти, кој многу веројатно ќе биде клучен за тоа кој ќе ја крене шампионската титула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.