April 6, 2025 | | Свет
Во рамките на 31. коло од Серија А, Рома и Јувентус ги поделија бодовите на „Олимпико“, одигрувајќи нерешено 1-1 во натпревар кој понуди две сосема различни полувремиња. Гостите од Торино имаа подобра иницијатива во првото полувреме и заслужено поведоа во 40. минута, кога Мануел Локатели со прецизен и силен удар го матираше голманот на Рома. Тоа водство Јувентус го задржа до паузата, оставајќи впечаток дека има контрола врз играта. Сепак, само што започна вториот дел, стратегот на Рома го внесе во игра Елдор Шомуродов, кој веднаш ја врати надежта на домаќините со израмнувачки гол. Но, наместо возбудливо продолжение, второто полувреме донесе бавна и безидејна игра, со малку вистински шанси. И покрај бројните измени на двата тима, ниту една страна не успеа да се избори за победа, па натпреварот заврши без победник и со по еден освоен бод, кој повеќе ќе ги загрижи тренерите отколку што ќе ги задоволи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |