Аталанта по грешка го замени Лукман бидејќи има слично име со соиграч

April 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аталанта по грешка го замени Лукман бидејќи има слично име со соиграч

Аталанта го продолжи својот низ од разочарувачки резултати, откако на домашен терен беше поразена од Лацио со минимални 0:1. Ова беше трет последователен пораз за тимот од Бергамо, што значително ги намали шансите за вклучување во трката за скудетото. Иако Аталанта се обидуваше да најде пат до мрежата, во 74. минута дојде до изненадувачка измена – од игра излезе Адемола Лукман, еден од најопасните играчи на тимот. Наместо да го засили нападот, Гасперини направи замена која го збуни дури и стручниот штаб. По натпреварот, беше откриено дека станало збор за недоразбирање. Тренерот Гасперини всушност сакал да го извади Едерсон, но кога му довикнал на својот асистент „Еде“, помошникот го разбрал како „Аде“ и наместо Едерсон, на клупата се најде Лукман. „Само Матео Реегети беше правилно заменет, останатите измени беа резултат на недоразбирање. Не беше наш ден, направивме збрка“, искрено изјави Гасперини по натпреварот. Дури неколку минути подоцна и Едерсон беше заменет, но штетата веќе беше направена. Тимот остана без клучен играч во клучен момент од мечот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.