April 7, 2025 | | Свет
Иако денеска не блескаше и загуби од Фулам, Ливерпул сè уште стои цврсто на врвот како најсериозен кандидат за титулата во Премиерлигата. На само седум кола до крајот, тимот на Арне Слот има комфортна предност од 11 бодови пред Арсенал. Ако и „црвените“ и „топчиите“ ги освојат сите преостанати бодови до крајот, тогаш Ливерпул најрано би можел да го потврди шампионскиот статус на 4 мај, кога се соочува со Челси на „Стемфорд Бриџ“. До крајот на сезоната има уште 21 бод во игра, а Ливерпул ќе му биде доволно да освои само 11 од нив за и математички да биде новиот крал на Англија. Сепак, доколку Ливерпул не ја освои титулата математички до 4 мај, може да се најде под зголемен притисок, бидејќи само една недела подоцна, на 11 мај, Арсенал ќе гостува токму на „Енфилд“ во можеби клучен натпревар за сезоната. Сѐ уште има многу фудбал да се игра, но судејќи според бодовната предност и моментумот, Слот и неговите избраници се на чекор до историски успех.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |