April 7, 2025 | | Свет
Иако Манчестер Сити летото 2023 година инвестираше повеќе од 60 милиони евра за да го доведе Матеус Нунеш како потенцијална замена за Родри, Пеп Гвардиола сега признава дека не го гледа Португалецот како фудбалер од средниот ред. Во последните месеци, Нунеш сè почесто игра како десен бек, позиција на која не се снаоѓа најдобро и каде што често прави грешки. Но, Гвардиола сепак гледа потенцијал за трансформација. „Може да стане одличен десен бек. Физички е моќен, има добри вештини и брзо учи“, изјави шпанскиот стратег, додавајќи дека „иако прави грешки, тоа е нормално, сите бекови грешат, особено кога доаѓа нафрлена топка на далечна статива и се 'фатени на спиење'.“ По дербито со Манчестер Јунајтед, Гвардиола јавно прозборе и искрено. „Матеус Нунеш не е доволно паметен за да игра во средината. Му недостига смиреност, што е клучно за таа улога.“ Така, наместо во срцето на играта, Нунеш сега се обидува да се пробие во дефанзивниот ред, додека Гвардиола настојува да го извади најдоброто од него на новата позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |