„Ќе се обидеме да го задржиме Елмас, да го завршиме првенството и потоа ќе видиме“

April 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Ќе се обидеме да го задржиме Елмас, да го завршиме првенството и потоа ќе видиме“

Елиф Елмас продолжува да ја оправдува довербата во дресот на Торино, каде што блеска по враќањето од Германија и веќе има четири постигнати голови. Македонскиот репрезентативец беше клучен и на натпреварот со Верона, каде што го донесе израмнувачкиот гол за својата екипа, а претходно се запиша во листата на стрелците и против Болоња, Парма и Монца. Во редовите на РБ Лајпциг не доби значајна минутажа, но во Торино веднаш се наметна и ги потврди своите квалитети. Претседателот на клубот, Урбано Каиро, не го криеше задоволството од неговиот настап. „Елмас постигна прекрасен гол и одлично се вклопи во тимот. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го задржиме, но тоа ќе стане појасно по завршување на сезоната. Знаеме колку вреди и колку искуство носи од Серија А. Задоволни сме од неговиот придонес“, додаде Каиро, јасно ставајќи до знаење дека клубот гледа долгорочна перспектива со македонскиот „дијамант“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.