Грилиш не си поминал добро на „Олд Трафорд“: Добил шлаканица од навивач на Јунајтед

April 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Грилиш не си поминал добро на „Олд Трафорд“: Добил шлаканица од навивач на Јунајтед

Градското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое се одигра викендов можеби не понуди спектакуларен фудбал, но затоа продолжува да биде актуелна тема на Островот, главно поради настаните надвор од теренот. Пеп Гвардиола остро реагираше на навредите упатени кон мајката на Фил Фоден од страна на навивачите на „црвените ѓаволи“ за време на натпреварот, посочувајќи на недозволиво однесување. Но, внимание привлече и инцидентот што се случил по завршувањето на мечот, кога Џек Грилиш бил нападнат од навивач во близина на тунелот. Според сведоци, навивачот му удрил шлаканица на Грилиш во моментите кога фудбалерот на Сити го напуштал теренот и се движел кон соблекувалната. Инцидентот бил забележан и од страна на полицијата во Манчестер, по што навивачот веднаш бил приведен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.