Халанд би можел да го напушти Манчестер Сити

April 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд би можел да го напушти Манчестер Сити

Ерлинг Халанд размислува сериозно да ја напушти Англија, пренесува шпанскиот „Ел Национал“. Норвежанецот е незадоволен од формата на тимот и сѐ погласно се зборува дека е подготвен на нов предизвик. И покрај тоа што има важечки договор до 2034 година, „граѓаните“ би можеле тешко да го задржат, доколку самиот фудбалер донесе конечна одлука за заминување. Ситуацијата внимателно ја следат два европски гиганта – Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Дополнителен проблем за Сити е повредата што Халанд ја заработи во четвртфиналето од ФА Купот против Борнмут. Според Пеп Гвардиола, станува збор за повреда на скочниот зглоб и очекувањата се дека ќе паузира од 5 до 7 недели. И покрај тоа, статистиката е на негова страна. Сезонава има 40 настапи во сите натпреварувања со 30 голови и четири асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.