April 8, 2025 | | Свет
Во пресрет на натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, младиот фудбалер на Барселона, Гави, се појави пред новинарите и привлече внимание со својата искреност и ведар дух. „Многу луѓе мислат дека не знам да играм фудбал, но всушност тие немаат врска“, изјави Гави на прес-конференцијата, што предизвика смеа во салата. Со оваа изјава, тој директно одговори на критиките кои ги добива во последниот период. Фудбалерот од средниот ред зборуваше и за тешкиот период низ кој помина по сериозната повреда на коленото. „Оваа сезона можеби не играм голема улога, но се враќам од сериозна повреда“, објасни тој. И покрај сè, Гави е задоволен од своите настапи и верува во своите способности. „Мислам дека сум 100% подготвен, но сосема друго е тоа дали на одредени натпревари се осеќам покомфорно или не. Но, спокоен сум и задоволен од партиите кои ги прикажувам“, рече тој. „Повредата не ме промени, на теренот сум истиот од претходно и тоа е многу важно за мене“, додаде младиот шпански репрезентативец. Тој нагласи дека е среќен што успеал да се врати на нивото на кое бил пред повредата – нешто што многумина не успеваат да го направат. „Знам каков е мојот менталитет, на што сум способен и тоа е најважно“, заврши Гави, испраќајќи порака на цврстина и самодоверба во пресрет на клучниот европски дуел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |