April 8, 2025 | | Свет
Од Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска пристигна интересна најава – на претстојното Светско клупско првенство, судиите ќе носат камери на телото, а истовремено ќе се применува ново правило за спречување на губење време од страна на голманите. Експериментот со камери е одобрен од страна на ИФАБ, телото кое е задолжено за регулирање на фудбалските правила, а има за цел да понуди нова перспектива за фудбалските навивачи. Сликите од аголот на судијата ќе овозможат навивачите, но и стручњаците, подобро да ги разберат судиските одлуки. Претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, верува дека ваквата иницијатива ќе им понуди на гледачите досега невидено искуство, но и ќе биде од огромна корист за обуката на нови судии. „Важно е да се ставиме во кожата на судијата и да разбереме како и зошто одредени одлуки се донесени во текот на натпревар. Тоа отвора нови можности и за радиодифузерите“, објасни Колина. Во исто време, ФИФА потврди дека ќе се воведе и ново правило со кое се таргетира губењето време – особено од страна на голманите. Ако голман ја држи топката повеќе од осум секунди во раце, судијата ќе досуди корнер за противничкиот тим. Поранешниот еминентен судија, Масимо Бусака, даде свој коментар. „Добриот судија не треба да се гледа или забележува. Тој е присутен, подготвен, но не и главен актер. Фокусот мора да остане на играта и головите.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |