April 9, 2025 | | Свет
Арсенал приреди фудбалска лекција на свој терен, а Реал Мадрид се враќа во Шпанија со тежок пораз од 3:0, еден од најлошите европски настапи на „кралскиот клуб“ во последните години. Натпреварот во Северен Лондон ќе се памети не само по двата маестрални слободни удари на Деклан Рајс, туку и по бројните интервенции на Тибо Куртоа кој не дозволи уште подлабока катастрофа. Играчот за врска на Арсенал донесе предност од 2:0 со два прекрасно изведени прекини, а Микел Мерино ја завери победата со трет погодок во завршницата од натпреварот. „Арсенал игра агресивно и офанзивно, не успеавме да се справиме со нив. Не би рекол дека паничевме, но не бевме мирни со топката“, изјави Куртоа по натпреварот. Белгискиот голман презеде одговорност за првиот гол, признавајќи дека не поставил доволен број играчи во живиот ѕид, но и потенцираше дека вториот удар на Рајс бил вистинско ремек-дело. „Обично ставам човек плус во ѕидот, но овој пат не го сторив тоа. Рајс ме изненади. Освен тоа, направивме непотребни прекршоци во ситуации кои не беа опасни“, додава Куртоа. И покрај се, голманот на Реал Мадрид останува оптимист и бара од тимот да се обиде да направи европско чудо во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. „Ако успееме брзо да дадеме два гола, третиот ќе дојде сам од себе. Треба да веруваме, да ги поправиме грешките и да дадеме максимум“, охрабрува Куртоа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |