April 9, 2025 | | Свет
Поразот од 3:0 на гостувањето кај Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите остави горчлив вкус кај фудбалерите на Реал Мадрид. Џуд Белингем не го криеше разочарувањето од настапот на неговиот тим. „Факт е дека Арсенал одигра многу добро. Првите два гола беа резултат на индивидуална мајсторија, а да бидам искрен, противникот можеше да победи поубедливо. Имавме среќа што примивме само три гола. „Следува втор натпревар и помислата на тоа не држи напред. Мораме да направиме нешто извонредно за да продолжиме напред. Но, ако има некаде што може да ги промени работите, тоа е Бернабеу“, искрено признава Белингем. Играчот од средниот ред нагласи дека целата екипа не одигра на нивото што се очекуваше, и дека ќе мора драстично да се подобрат ако сакаат да останат во трката за трофејот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |