April 9, 2025 | | Свет
Арсенал одигра натпревар за паметење и го совлада Реал Мадрид со убедливи 3-0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Вистински херој на вечерта беше Деклан Рајс. Англискиот фудбалер за врска блескаше со два гола од слободен удар, демонстрирајќи прецизност и храброст во клучни моменти. „Летам од радост. За неколку години ќе сфатам колку беше големо ова што го направив“, изјави Рајс по мечот. Тој додаде дека обично ја погодувал живиот ѕид или шутирал високо, но овојпат имал јасна визија. „На првиот удар видов каде стои голманот и си реков – шутирај. Обично играме кратко, но сега решив да ризикувам. За вториот удар веќе имав повеќе самодоверба“, искрено призна англискиот ас. Иако беше среќен по триумфот, Рајс потенцираше дека емоциите сè уште не го понеле целосно. „Имаме уште еден натпревар, реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа ќе биде голем предизвик“. Реваншот во Мадрид е закажан за следната среда од 21:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |