Суперкомпјутерот има нов фаворит за трофејот во ЛШ, Реал и Баерн тргнати настрана

April 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперкомпјутерот има нов фаворит за трофејот во ЛШ, Реал и Баерн тргнати настрана

Најновите прогнози на суперкомпјутерот на „Опта“ донесоа вистински бран реакции во фудбалскиот свет. По низа симулации на исходите во Лигата на шампионите, алгоритамот откри нови фаворити, но и некои големи разочарувања. Арсенал, кој неодамна го декласира Реал Мадрид со убедливи 3-0 на домашен терен, сега важи за најголем кандидат за освојување на титулата. Според бројките, „топчиите“ победуваат во 27,8% од симулациите значително повеќе од 15,6% колку што им беа доделени пред почетокот на четвртфиналето. Интересно, тогаш Барселона беше на врвот на листата со најголеми шанси. Сега, Каталонците имаат 25,9% шанси да ја освојат Лигата на шампионите, што сè уште ги држи меѓу фаворитите, но зад Арсенал. Од друга страна, гигантите Реал Мадрид и Баерн Минхен се речиси отпишани од трката за титулата. Прогнозите за „кралевите“ се навистина шокантни. Само 4,3% шанси да го елиминираат Арсенал и симболични 0,9% за да ја одбранат титулата. Не многу поразлична е ситуацијата со Баерн, кој според симулациите има само 17,3% шанси да го совлада Интер во реваншот и скромни 3% за целосна победа во натпреварувањето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.