April 10, 2025 | | Свет
Андреа Пирло конечно проговори за болната разделба со Милан, откривајќи дека не си заминал по своја волја, туку дека бил принуден да го напушти клубот. Иако некои фанови го нарекоа предавник поради трансферот во Јувентус, тој тврди дека вистината е сосема поинаква. „Ме нервира тоа што луѓето сè уште мислат дека јас сакав да си одам од Милан. Тоа никогаш не беше моја желба“, изјави Пирло. Тој додаде дека бил подготвен да прифати било какви услови само за да остане во клубот што го чувствувал како свој дом. Фудбалскиот стратег откри дека токму Адриано Галиани и тогашниот тренер Масимилијано Алегри биле тие што му ја затвориле вратата. „Никогаш не ми беше понуден нов договор. Заминувањето од Милан и збогувањето со соиграчите беа едни од најтешките моменти во мојот живот. Галиани и Алегри ме избркаа од клубот“, рече тој. Со трансферот во Јувентус во 2011 година, Пирло ја заокружи својата приказна во големата италијанска тројка откако претходно ги носеше дресовите и на Интер и на Милан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |