Реал смисли план како да го донесе Салиба

April 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал смисли план како да го донесе Салиба

Вилиам Салиба повторно е во центарот на вниманието, откако одлично се претстави во првиот четвртфинален дуел меѓу Арсенал и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Шпекулациите за негов премин во редовите на „кралевите“ повторно се разгореа. Иако Реал Мадрид покажува сериозен интерес за францускиот дефанзивец веќе подолго време, англискиот клуб нема намера лесно да се откаже од него. Салиба има договор со Арсенал кој важи до 2027 година, што значи дека секоја евентуална зделка би барала висока отштета. Сепак, мадридскиот гигант има алтернативен план. Според извори од Шпанија, европскиот шампион е подготвен да го чека Салиба и до следното лето. Идејата е да останат во контакт со фудбалерот и неговиот тим, надевајќи се на поповолни околности за трансфер. Доколку играчот не потпише нов договор со Арсенал, Реал може да се обиде да го доведе по пониска цена или дури да го ангажира како слободен агент кога му истекува сегашниот договор. Иако имаат интерес за трансфер уште ова лето, реалноста е дека англискиот клуб тешко ќе се согласи на продажба без сериозна понуда. Среде жестоката битка меѓу Реал и Арсенал на теренот, зад кулисите се води и друга трансфер битка за еден од најперспективните дефанзивци во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.