April 11, 2025 | | Свет
Ако Реал Мадрид не успее да ја спаси сезоната со титула во Ла Лига или во Лигата на шампионите, клубот би можел да се соочи со големи промени. Порталот „Le10sport“, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека дури седуммина би можеле да си заминат од клубот летово. Моменталната ситуација не изгледа розово. „Кралевите“ заостануваат четири бода зад Барселона во првенството, а во Лигата на шампионите доживеаа тежок пораз од Арсенал (3:0) во првиот четвртфинален дуел. Вакви резултати ги натераа шпанските медиуми да ја анализираат иднината на клубот. Листата на можни заминувања ја предводи тренерот Карло Анчелоти, заедно со капитенот Лука Модриќ и неговиот заменик Лукас Васкез. Покрај нив, се споменуваат и имињата на Давид Алаба, Арда Гулер, Едуард Камавинга и Аурелиен Чоамени. Според пишувањата, ако не дојдат трофеи, можно е да се случи вистинска „чистка“ во соблекувалната. Сепак, треба да се напомене дека дел од овие фудбалери имаат активни договори на повеќе години и неодамна изјавија дека сакаат да останат во клубот. Реал, традиционално, не ги притиска играчите да си заминат ако тие не сакаат, туку ги почитува постојните договори. Во изминатите сезони имаше примери како Маријано Дијаз и Хесус Ваљехо, кои иако не беа дел од плановите на тренерот, продолжија да тренираат со тимот и останаа во клубот до истекот на нивните договори.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |