April 11, 2025 | | Свет
Италијанската „Република“ ја следи целата ситуација и открива нови детали за скандалот поврзан со нелегално обложување. Се појави нов круг на осомничени откако истражните органи извршија увид во телефоните на Сандро Тонали и Николо Фаџоли, кои веќе беа казнети. Тонали доби десетмесечна суспензија, додека Фаџоли беше суспендиран седум месеци, но сега и други познати фудбалери би можеле да се најдат во слична ситуација. Се открива дека некои од играчите се обложувале преку нелегален канал – златара во Милано. Алесандро Флоренци, Матија Перин, Вестон Мекени, Николо Заниоло, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Матео Канселери, Кристијан Буанито и Жуниор Фирпо се дел од имињата кои се најдоа под лупа на истрагата. Нов скандал поврзан со обложување повторно ја тресе Италија, а во центарот се неколку навистина звучни имиња од фудбалскиот свет.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |