Флик ќе добие нов договор и ново големо засилување

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик ќе добие нов договор и ново големо засилување

Според последните вести од шпанските медиуми, Ханси Флик и Барселона се блиску до официјализација на нов договор, откако двете страни начелно се договориле за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Флик истекува во јуни 2026 година, но новиот предлог му нуди подобри услови и продолжување до летото 2027. Претседателот Жоан Лапорта и челниците на Барса веќе ја донеле одлуката да го задржат германскиот стратег на подолг рок. Флик, пак, имал неколку клучни барања пред да даде зелено светло – меѓу нив и обновување на договорите со играчите Жил Кунде, Френки Де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња. Раководството на клубот генерално се согласило со барањата, но евентуална пречка би можеле да бидат преговорите со Де Јонг, кој има договор до 2026 и до скоро одбиваше да седне на маса за нови услови. Барселона, освен што сака да го задржи Флик и клучните играчи, има и план за значајно засилување – Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. За Вилијамс би требало да се активира клаузула од 60 милиони евра, но проблем може да претставува интересот на Арсенал, кој на крилниот напаѓач му нуди значително поголема плата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.