На Аморим му пукна филмот од Онана, ќе го седне на клупа!

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На Аморим му пукна филмот од Онана, ќе го седне на клупа!

Во недела ќе стане јасно дали најавите на „Дејли Мејл“ ќе се покажат како точни за тоа дали Рубен Аморим навистина ќе го остави Андре Онана на клупата против Њукасл. Португалскиот стратег досега му даваше поддршка на камерунскиот голман, и покрај неколкуте грешки што ги направи во последните натпревари. Сепак, по двата примени гола против Лион, кои беа директен резултат на негови киксови, трпението на Аморим очигледно е при крај. Според информациите, тренерот на Манчестер јунајтед решил да му даде шанса на Алтај Бајиндир, Турчинот кој досега беше во сенка. Доколку оваа промена се реализира, тоа ќе значи голема пресвртница за Онана, кој досега важеше за недопирлив меѓу стативите на Јунајтед. „Дејли Мејл“ тврди дека одлуката веќе е донесена, но останува да видиме дали тоа ќе се потврди на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.