April 12, 2025 | | Македонија
Во 23. коло од Втората македонска лига, лидерот Македонија Ѓорче Петров не успеа да запише победа, откако одигра без голови на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија. Домашниот тим, кој пред овој натпревар имаше два порази во низа, изненадувачки успеа да го сопре фаворитот и поранешен лидер на табелата. Овој кикс на Ѓорче го искористи Башкими, кој после две ремија конечно се врати на победнички пат, и тоа со стил – убедлив триумф од 0-5 на гостувањето кај Каменица Саса. Со оваа победа, Башкими се израмни со Ѓорче на врвот со по 53 освоени бода. Во борбата за третото место, Арсими продолжува со серијата на добри резултати и славеше со 0-2 на гостувањето кај Скопје. Во исто време, Брегалница неочекувано загуби со 1-0 од Вардар Неготино и му дозволи на Арсими да се одлепи на табелата со три бода предност. 24. коло резултати: Детонит – Борец 2-0 Скопје – Арсими 0-2 Каменица Саса – Башкими 0-5 Кожуф – Македонија Ѓорче Петров 0-0 Новаци – Победа 0-0 Осогово – Беласица 0-0 Вардар Неготино – Брегалница 1-0 Вардарски – Охрид 3-0
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |