Трката и она заврши: Арсенал не успеа да го совлада Брентфорд (ВИДЕО)

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трката и она заврши: Арсенал не успеа да го совлада Брентфорд (ВИДЕО)

Арсенал не успеа да освои цел плен на домашен терен и мораше да се задоволи со само еден бод против Брентфорд, во рамки на 32. коло од Премиерлигата (1-1). Во првиот дел „топчиите“ имаа иницијатива и постигнаа погодок, но истиот беше поништен поради офсајд, па на пауза се замина без голови. Конечно, во 61. минута, Парти го отвори резултатот и донесе водство за Арсенал, но гостите од Брентфорд ја искористија единствената шанса во второто полувреме и преку Виса израмнија на 1-1. По ова реми, тимот на Микел Артета останува на втората позиција со 63 бодови, дури десет помалку од водечкиот Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.