Голман имаше интересна идеја: Сакаше да му брани пенал на Рамос свртен со грб! (ВИДЕО)

April 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голман имаше интересна идеја: Сакаше да му брани пенал на Рамос свртен со грб! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тигрес изведоа неверојатен пресврт и славеа со 2-1 над Монтереј во дербито од 15. коло во мексиканскиот шампионат. Иако заостануваа до самиот финиш, домашните ги освоија трите бода благодарение на головите на Франциско Кордова во 90. и Николас Ибањез во 95. минута. Натпреварот не помина без контроверзии, а централна фигура беше аргентинскиот голман Нахуел Гузман. Тој се обиде да го испровоцира Серхио Рамос, кој презеде одговорност да изведе пенал за Монтереј. Во моментот кога Шпанецот се подготвуваше да го изведе ударот од белата точка, Гузман реши да го сврти грбот кон пеналџијата, што предизвика изненадување и коментари. По краток прекин и инструкција од клупата, голманот беше принуден да се сврти со лице кон изведувачот. И покрај обидот за деконцентрација, Рамос не се поколеба и успешно реализираше за водство од 0-1. Но на крајот, Монтереј остана без ништо, откако Тигрес го заврши натпреварот со спектакуларен пресврт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.