Ван Дајк: Не требаше да се поништи голот, голманот немаше шанси да стигне до топката

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Дајк: Не требаше да се поништи голот, голманот немаше шанси да стигне до топката

Холандија и Франција вчера го одиграа првиот натпревар на ова Европско првенство без голови. И двете селекции имаа свои шанси, но на крај резултат остана 0-0. Во второто полувреме имаше спорен момент кога на Чави Симонс му беше поништен голот поради пасивен офсајд на Дамфрис, а коментар на сето ова даде и капитенот на Холандија Ван Дајк. „Можам да живеам со бодот, но голот не требаше да биде поништен. Еден бод е добар бонус, мора да бидеме реални. Игравме против Франција, па мислам дека не беше чудно што имавме потешкотии во некои фази од натпреварот“. „Во завршниот дел се обидовме да останеме компактни и да напаѓаме на контри. Неколкупати успеавме во тоа, но не одигравме како што треба. Уште немаме пораз и се е во наши раце“, рече Ван Дајк.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.